• четврток, 21 ноември 2024

Роналдо повикан во тимот на Португалија за натпреварите против Хрватска и Шкотска од Лигата на нации 

Роналдо повикан во тимот на Португалија за натпреварите против Хрватска и Шкотска од Лигата на нации 

Лисабон, 30 август 2024 (МИА) - Најдобриот стрелец на сите времиња во меѓународниот фудбал, Кристијано Роналдо е повикан во тимот на Португалија за нивните претстојни натпревари во Лигата на нации против Хрватска и Шкотска.

Триесет и девет годишниот напаѓач, кој има 130 гола за својата земја, беше повикан од селекторот Роберто Мартинез за домашните натпревари на 5 и 8 септември.

По елиминацијата од Франција од четвртфиналето на ЕП 2024, селекторот Мартинез објави дека започнува нов циклус на градење на тимот за Светското првенство во 2026 година во Мексико, САД и Канада, и се чини дека Роналдо е во неговите планови, иако во тоа време тој ќе има 41 година.

Во 25-члениот тим повикан од Мартинез, дефанзивниот играч за врска на Челси, Ренато Веига и десното крило на Спортинг Лисабон, Џовани Кенда се меѓу ретките нови лица во тимот. дс

Фото: Архива

Остани поврзан