Рок концерт пред платото на кумановскиот Центар за култура
- Кумановци вечер со почеток во 20:30 часот пред платото на Центарот за култура ќе имаат можност да уживаат во настапот на бендот „Д Солушн“, информираа денеска од националната установа. Групата која одлично ѝ е позната на кумановската јавност ќе изведе рок и поп хитови од светската и домашната музичка сцена.
Куманово, 14 август 2024 (МИА) - Кумановци вечер со почеток во 20:30 часот пред платото на Центарот за култура ќе имаат можност да уживаат во настапот на бендот „Д Солушн“, информираа денеска од националната установа. Групата која одлично ѝ е позната на кумановската јавност ќе изведе рок и поп хитови од светската и домашната музичка сцена.
- Ги покануваме кумановци да уживаат во познати хитови. Станува збор за локален бенд кој настапува во другите градови од државата, очекуваме добар настап. Повеќето од нив се и членови на Младинскиот оркестар на Центарот за култура, изјави Александар Митрички, музички соработник од „Трајко Прокопиев“.
На платото пред центарот за култура веќе некое време не се одржуваат концерти поради градежните активности на плоштадот, но настапите на бендовите сè одржуваат на самото палто.
Во „Д Солушн“ членуваат Филип Стојковски-гитара, Ивана Стојановска-вокал, Филип Гелевски-, вокал, Иван Михајловски, удирачки инструменти, Никола Стојковски, бас гитара. Бендот е формиран во 2022 година. ам/
Фото: НУЦК „Трајко Прокопиев“