• вторник, 01 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Рокас: Реформската агенда не е лек за сите болести туку заеднички напор за трансформирање на општеството на патот кон ЕУ

Рокас: Реформската агенда не е лек за сите болести туку заеднички напор за трансформирање на општеството на патот кон ЕУ

Скопје, 28 март 2025 (МИА) - Пораката на Планот за раст е мошне јасна - тоа е сеопфатна понуда од Европската Унија за Западен Балкан за да се поттикнат социоекономските услови кои што отвораат нова страница во нашите односи. Вклучува збир мерки кои што нудат прогресивен пристап до единствениот пазар на ЕУ, до заедничкиот регионален пазар како и механизми за стимулирање реформи. Реформската агенда од Планот за раст е досега невидена можност за земјата да ги забрза клучните придобивки од членството во ЕУ, како и да ја зголеми економкста конвергентност пред пристапувањето.

Ова го истакна шефот на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, Михалис Рокас, на денешната презентација на мерките од Планот за раст за Западен Балкан и Реформската агенда 2024-2027 за Северна Македонија на прес конференцијата со министерот за европски прашања Орхан Муртезани во Владиниот медиа центар. Тој упати честитки што земјава е прва од државите во регионот што го потпиша договорот за инструменти и заеми од Планот за раст и за добрата Реформска агенда. 

-Проширувањето е еден од главните приоритети на Комисијата, а Реформската агенда покрај инструментот за претпристапна помош е всушност двигателот со кој што се постигнува таа цел. Би сакал да бидам јасен, парите што ги даваме денес се дополнување на она што веќе постои. Реформската агенда и распределбата според неа за Северна Македонија е 750,4 милиони евра покрај тековните ИПА програми кои надминуваат 500 милиони евра во чисти грантови за финансирање. Со овие финансиски распределби и јасната политичка поддршка Реформската агенда од Планот за раст е досега невидена можност за земјата да ги забрза клучните придобивки од членството во ЕУ, како и да ја зголеми економската конвергентност пред пристапувањето, нагласи Рокас.

Спроведувањето на Реформскаат агенда од Планот за раст, нагласи тој, треба да резултира со тројна победа - опипливи придобивки за граѓаните, забрзување на интеграцијата на земјата во ЕУ и дополнителни ресурси во буџетот на земјата за поддршка на потребните реформи. Резултатите ќе се оценуваат два пати годишно, а средствата ќе се ослободуваат соодветно на фиксните полугодишни распореди само ако се постигнат целите, ќе се вршат и плаќањата кон националните буџети.

-Реформската агенда од Планот за раст не е замена за членството во ЕУ, туку е алатка за да се поддржат подготовките на земјата за ЕУ. Реформската агенда не е лек за сите болести туку претставува заеднички напор за да се спроведат потребните реформи кои може да го трансформираат општеството. Забрзувањето на усогласувањето со вредностите стандардите политиките и праксите на ЕУ за функционални институции, транспарентно и отчестбо владеење, зелена транзиција и одржил развој. Владата се обврза кон младите, бизнисите, НВО и кон медиумите дека ќе ги унапредува реформите со што ќе донесе опипиливи придобивки за земјата и ќе напредува на својот пат кон ЕУ. Ова ќе го правиме заедно, со поголема политичка волја, ќе ги мобилизираме сите нивоа  на Владата и со моделот на ЕУ за единство и солидарност што ќе биде во центарот на нашиот потфат, рече Рокас.

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани укажа на важноста на Планот за комуникација и видливост на Планот за раст која, рече е клучот на упсешноста на реформите.

-Добро осмислената и спроведена  комуникација не е само формален чекор или административна задача. Напротив комуникацијата е клучот на успешноста на рефиормите. Јасноста, транспарентноста и разбирливоста се пруслов граѓаните да почувствуваат дека рерормите се нивни и дека евроинтеграција не е далечен и апстрактен концепт, туку конкретна и опиплива можност за подобар живот. Преку овој План, граѓаните ќе можат јасно да ги согледаат конкретните резултати и ефекти на реформите - од подобрување на деловното окружување и отворање нови работни места, до поголема економска конкурентност и зајакнати демократски институции. На овој начин, Планот не само што ќе ја зголеми видливоста на активностите што ги реализираме со помош на ЕУ, туку и ќе ја засили довербата на граѓаните во реформскиот процес и во самата европска иднина на нашата држава, рече Муртезани.

Планот за комуникација и видливост е создаден во тесна комуникација со Делегацијата на ЕУ, пртеставува стратешки документ и зацртана смерница и јасна определеност за отвореност и транспарентност кон сите граѓани и нивно вклучување во спроведувањето на реформите.

За постигнување на Планот утврдени се три важни столбови: креирање специјализирана онлајн платформа за следење на сите активности, напредок и резултати од реформите, организирање јавни настани, дискусии и медиумски кампањи што треба да овозможиме двонасочна комуникација и да поттикне отворен дијалог и да изгради силно партнерство меѓу институциите и граѓаните. Третиот столб е преку единствен визуелен идентитет - со јасно лого, шема на бои и визуелен бренд, со што ќе обезбеди секоја активност поврзана со реформите и Планот за раст да е лесно препознатлива.

Активностите поврзани со овој План, како што наведе министерот Муртезани, се структуриран во три фази: прво ќе ја градиме свеста за реформите и можностите што ги нуди Планот за раст; второ, ќе ги покажеме конкретните резултати преку успешни приказни на граѓаните, бизнисите и институциите; и во третата фаза ќе ги оценуваме нашите комуникациски активности и ќе ги прилагодуваме според вашите очекувања и потреби.

-Овој План не е само за комуникација и видливост, тој е план за доверба и заедничка европска иднина. Денес, упатуваме јасна порака дека реформите се наш заеднички предизвик и заедничка одговорност. Владата не треба да чекори сама  на европскиот пат, туку заедно со своите граѓани, со силна поддршка и доверба во ЕУ и со визија која ги надминува моменталните предизвици. Нашата цел е не само да информираме, туку и да инспирираме доверба и активно учество на сите во процесот на европска интеграција. Оваа доверба се гради преку јасна и транспарентна комуникација која е разбирлива за сите - од студентите и младите до бизнис заедницата, медиумите и креаторите на политики, порача Муртезани. вг/аа/

Фото: Принтскрин

Остани поврзан