• сабота, 21 декември 2024

Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори

Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори

Скопје, 25 април 2024 (МИА) - Гордана Силјановска Давкова поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и Стево Пендаровски поддржан од СДСМ и коалицијата влегуваат во вториот круг од претседателските избори што ќе се одржат на 8 мај, истовремено со единаесеттите парламентарни избори во земјата. Силјановска Давкова според првичните неофицијални резултати на Државната изборна комисија од преброени гласови од 3.360 избирачки места односно 95,78 отсто од избирачките места освоила 349. 746 гласови - 40,23 проценти, додека Пендаровски 173,612 гласови односно 19, 97 проценти.

Трет по освоени гласови од седуммината кандидати е Бујар Османи од ДУИ со освоени 116. 319 гласови (13,38), потоа Арбен Таравари со 81. 671 (13,38), Максим Димитриевски од ЗНАМ со 76.894 (8,85) гласови, Билјана Ванковска со 39.660 (4,56) поддржана од Левица и со најмалку гласови е Стевчо Јакимовски од ГРОМ 7.898 гласови.

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски на последната прес-конференција синоќа пред полноќ истакна дека излезноста на гласачите според податоците од 3.156 избирачки места изнесува 49,75 отсто. На гласање излегле 810 971 гласачи. Важечки гласачки ливчиња се 789 031, а неважечки 21. 946 гласачки ливчиња.

Gordana Siljanovska Davkova e mbështetur nga VMRO-DPMNE dhe Stevo Pendarovski i mbështetur nga LSDM dhe koalicioni hyjnë në raundin e dytë të zgjedhjeve presidenciale që do të mbahen më 8 maj

Даштевски оцени дека изборниот ден минал мирно, а граѓаните достоинствено гласале. Сите учесници биле достоинствени, немало проблеми. 

Вториот круг се одржува на 8 мај, а за победа во него меѓу другото е потребен и цензус од 40 отсто.

Гордана Силјановска Давкова на прес-конференција во ВМРО-ДПМНЕ синоќа истакна дека овој резултат е инспиративен за неа. 

- Горда сум на мнозина, најпрво, горда сум на граѓаните, не само на оние кои гласаа за мене, туку и на останатите, особено сум горда на членовите на ВМРО-ДПМНЕ заради поддршката. Без нив немаше да го запознам народот, ниту тие мене, рече таа.

Nuk kam fjalë që mund të shpreh falënderimet e mia, ndonjëherë edhe turpërohem vallë është e mundur që kaq shumë njerëz kështu të reagojnë. Nuk mendoj se jam e veçantë në shumë gjëra, vetëm e

Дополни дека треба, како што рече, да ги инспирираме граѓаните дека вреди да се учествува на избори.

- Ова е крајот на првиот круг, доаѓа вториот круг, јас ќе се однесувам и во вториот круг кон оној со кој ќе треба да се натпреварувам, со должна почит. Се разбира очекувам таков однос. Не мислам дека треба да фрлиме сенка кон она што се случуваше денеска, треба да ги инспирираме граѓаните, да ги увериме дека вреди да се учествува на избори, да се чуе дека сум горда, особено на граѓаните, а без граѓани нема горда Македонија, дополни таа.

За Пендаровски, како што кажа синоќа на прес-конференција, истакна дека резултатите не се такви какви што очекувале и дека разликата ќе биде околу 130.000.

- Тргнуваме од нула, од почеток. Моја задача ќе биде, како и во изминативе 20 дена, да го промовирам концептот во кој длабоко верувам, а тоа е интегрирана држава, без поделби. Ги охрабрувам граѓаните кои не излегоа во првиот круг, да учестуваат во вториот круг, затоа што веруваат дека победникот ќе се решава во вториот круг. Имаше седум кандидати како никогаш досега, и веројатно тоа беше една од причините зошто гласовите се поделија на повеќе страни и веројатно некои од кандидатите кои отпаднаа во првиот круг земаат дел од она што беше претпоставено електорат на првите два кандидати кои продолжуваат понатаму, рече Пендаровски.

Rezultatet nuk janë ato që prisnim, diferenca do të jetë rreth 130.000. Kemi pritur më pak, por nesër është ditë e re, nga nesër do të fillojmë përsëri me takime me qytetarët që i kemi prakti

Истакна дека очекува уште поголем одѕив и уште поголем бројка да го препознаат концептот – демократска, просперитетна држава, рамноправна со сите нации.

На прашање дали очекува победа во вториот круг, кажа дека мнозинство македонски граѓани стојат зад концептот којшто тој го предлага.

– Во текот на кампањата на ваков тип на прашања одговарав на следниот начин – дека е чудно што ВМРО-ДПМНЕ никогаш не зборуваше за победа во вториот круг, зборуваше само за разлика во првиот круг и лицитираа со бројки 100 илјади, над 100 илјади како што се случи. Меѓутоа, и денеска да ги прашате јас ви гарантирам дека тие не се сигурни дека ќе победат во вториот круг. Јас не сум стопроцентно сигурен дека ќе победам, не може никој да биде сигурен, меѓутоа јас ви тврдам дека има мнозинство македонски граѓани кои се за овој концепт кој јас го предлагам, а не за изолација на државата враќање назад во старите времиња на режимот кој го паметиме како владееше со државата и со граѓаните, нагласи Пендаровски.

Претседателскиот кандидат на Европскиот фронт, Бујар Османи по завршување на првиот круг одржа прес-конференција со лидерите на партиите од коалицијата. Османи изјави дека прелиминарните резултати покажуваат длабока победа на Фронтот, наспроти албанската опозиција со над 40 илјади гласа и со победа во речиси сите општини во земјата.

The presidential candidate of the DUI-led ‘European Front’, Bujar Osmani, after the completion of the first round of presidential elections, held a press conference with the leaders of the pa

- Сакам да се заблагодарам на сите за поддршката за Европскиот фронт и за мојата кандидатура. Ова е заедничка победа и оваа победа само докажува дека Европскиот фронт станува една голема локомотива за европската иднина на нашата држава. Денес Албанците, Турците, Бошњаците, Ромите докажаа дека тие сами одлучуваат за својата судбина и никогаш нема да дозволат некој друг да одлучува за нив. Волјата на народот денеска е јасна и треба да се почитува од сите, истакна Бујар Османи.

Кандидатот за претседател на здружената албанска опозиција „Вреди“, Арбен Таравари, пак, синоќа на прес-конференцијата изјави дека во сите изборни единици каде доминираат Албанци, односно во Првата, Втората и Шестата разликата е три-четири илјади гласови.

Kandidati për president i opozitës së bashkuar shqiptare

Претседателскиот кандидат истакна дека се уште немаат одлучено на кого ќе му дадат поддршка во вториот круг. Прашан дали ќе даде оставка доколку изгуби од Османи, Таравари рече да за тоа ќе се разговара во органите на партијата.

- Да завршат прво изборите, следат парламентарните избори. Ова се први избори како претседател на партија, во органите на партијата ќе разговараме за ова, рече Таравари.

Претседателскиот кандидат на движењето ЗНАМ Максим Димитриевски синоќа на прес-конференција порача дека по завршување на парламентарните избори, ЗНАМ ќе биде политичкиот фактор за стабилноста во државата, без кој нема да може да се формира идната влада во државата.

Presidential candidate Maksim Dimitrievski told a press conference late on Wednesday that ZNAM would be a political factor of stability in the country, a kingmaker in the future government.

- Факт е дека јас и ЗНАМ вечерва освоивме повеќе од 80 илјади гласови. Регистриравме политички субјект кој што постои нешто повеќе од три месеци и се етаблираше со граѓанската поддршка на трето место во политичкиот блок и сметам дека тоа е одличен појдовен резултат за понатамошна борба, рече Димитриевски.

Билјана Ванковска, претседателски кандидат поддржана од Левица на синоќешната прес-конференција истакна дека авангардата гласала за нив и посочи дека она што била нивна задача го оствариле.

Levica presidential candidate Biljana Vankovska during late Wednesday’s press conference said that the avant-garde had voted for them, underscoring that they had accomplished their mission.

-Мислам дека е точно дека авангардата гласаше за нас, тоа го знам преку личните контакти. Очигледно дека народот се уште не е во таа фаза, изгледа му понудив визија зад две брда, така што отидов предалеку во тоа што го прогнозирав. Јас длабоко се надевам дека грешам во прогнозата и дека народот нема да се разочара после година или две од владеењето на новата претседателка, веќе можам дури така да кажам со оглед на тоа дека пасокизацијата на СДСМ е дефинитивно тука. Она што беше наша задача, мислам дека го остваривме. Изодевме коректно, чисто, со насмевка, со ведрина. Она што го гледаме на терен е навистина очајно и веројатно луѓето кога се очајни го прифаќаат првата сламка на спас или ветување што им го нудат тие  гледаат да го зграбат, рече таа. 

Претседателскиот кандидат од коалицијата „Храбро за Македонија“ предводена од ГРОМ, Стевчо Јакимовски, го призна поразот од претседателските избори и ѝ посака среќа во вториот круг на кандидатката за претседателка од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска – Давкова.

Kandidati për president nga koalicioni

– Ја одржувам оваа прес-конференција со цел да го признаам поразот на овие претседателски избори и воедно да ѝ честитам на водството на госпоѓата Гордана Силјановска – Давкова, како и да ѝ посакам среќа во вториот изборен круг, рече Јакимовски.

Ministri i Punëve të Brendshme, Pançe Toshkovski, zëvendësministri plotësues, Mitko Bojmacaliev, sot në një konferencë të përbashkët për media, në prani të drejtorit të Byrosë për siguri publ

Изборниот процес помина мирно и без поголеми инциденти, а за тоа вчера информираа техничкиот министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и дополнителниот заменик-министер Митко Бојмацалиев.

-Изборниот процес помина мирно и без пречки и поголеми инциденти. Во текот на денешниот ден евидентирани се вкупно 12 случаи на фотографирање на гласачкото ливче, два случаи на кинење на гласачкото ливче, шест пријави за нудење поткуп и 15 пријави за агитирање на гласачко мести. Не се евидентирани други посериозни инциденти и нарушување на регуларноста на изборниот процес, истакнаа Тошковски и Бојмацалиев на прес-конференција.

Изборниот ден, Тошковски оцени дека поминал во безбедна, мирна и демократска атмосфера.

-Овие избори беа уште еден тест за демократијата и во таа насока, сакам да им честитам на граѓаните кои излегоа и ја исполнија својата граѓанска должност и со тоа уште еднаш го истакнаа демократскиот капацитет на државата и значењето на нивната активна улога во градењето на инклузивно општетсво, порача Тошковски.

Во земјава вчера се одржа првиот круг од седмите претседателски избори. Граѓаните можеа да гласаат за еден од седуммината кандидати: Стево Пендаровски поддржан од СДСМ, Гордана Силјановска Давкова поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Стевчо Јакимовски од ГРОМ, Билјана Ванковска поддржана од Левица, Бујар Османи од ДУИ, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Максим Димитриевски од ЗНАМ. 

На 3.480 избирачки места во Републиката со право на глас во Избирачкиот список за Претседателските избори се запишани вкупно 1.814.317 гласачи. 

Овие избори се карактеристични по тоа што првпат од независноста имаат толку многу кандидати за претседател, изборите се одржуваат в среда, а идентификацијата ќе се врши со фингерпринт апарати. Уникатно е и тоа што кампањата и молкот за претседателските избори се преклопија со кампањата за парламентарните избори на 8 мај.  

Претседателските избори, како што информира ДИК ги следат вкупно 1601 набљудувач, од кои 915 домашни и 544 меѓународни набљудувачи, како и 84 преведувачи и 58 странски новинари. 

Вториот круг за претседателските избори треба да се одржи на 8 мај заедно со изборите за пратеници во Собранието.

Од независноста на државава на претседателската фотелја седнаа петмина претседатели. Првиот претседател Киро Глигоров и Ѓорге Иванов претседателската функција ја вршеа во два мандата, а по еден мандат имаа Борис Трајковски, Бранко Црвенковски и сегашниот актуелен претседател и кандидат за нов мандат Стево Пендаровски. ев/ац/

 

Остани поврзан