Реонот околу поликлиниката „Бит Пазар“ денеска и утре без вода
- Поради уличен дефект на цевка со пречник од 600 милиметри на булеварот „Крсте Мисирков“ пред поликлиниката „Бит Пазар“ во Скопје, денеска и утре од 10:00 часот прекин во водоснабдувањето ќе и
Скопје, 29 октомври 2022 (МИА) - Поради уличен дефект на цевка со пречник од 600 милиметри на булеварот „Крсте Мисирков“ пред поликлиниката „Бит Пазар“ во Скопје, денеска и утре од 10:00 часот прекин во водоснабдувањето ќе имаат амбуланта и зградата на „Вардар Мебел“, а со намален притисок ќе бидат корисниците на дел од булеварот „Крсте Мисирков“.
Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје, прекинот во водоснабдувањето ќе биде до санирање на дефектот.
За време на санирање на дефектот ќе биде обезбедена цистерна со питка вода која ќе кружи во реонот. вј/сп/