• петок, 05 декември 2025

Реми на нашата репрезентација до 18 години во дуелот со Словачка

Реми на нашата репрезентација до 18 години во дуелот со Словачка

Братислава, 30.септември 2025 (МИА) – Македонската фудбалска репрезентација до 18 година одигра нерешено 2:2 со Словачка. Натпреварот се одигра во Братислава и е прв од двата контролни што нашата репрезентација ќе ги одигра во Словачка.

Селекцијата предводена од селекторот Димитар Капинковски со головите на Мухамед Мустафи во 26.минута и на Фљори Иљази во 44.минута имаше предност од 2:1 на полувреме. Во продолжението голманот АлександарТрајков одбрани пенал и беше еден од заслужните за позитивниот резултат против Словачка.

Селекторот Капинковски на овие контролни натпревари ќе смета во најголемиот дел фудбалери од македонските екипи. мн/

Фото ФФМ

Остани поврзан