• петок, 22 ноември 2024

Реконструкција на паркот кој се наоѓа спроти Општина Кисела Вода

Реконструкција на паркот кој се наоѓа спроти Општина Кисела Вода

Скопје, 16 септември 2024 (МИА) - Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, најави дека почна целосна реконструкција на паркот кој се наоѓа спроти општината. Старото и дотраено детско катче ќе биде заменето со ново, а ќе се реконструира и кошаркарското игралиште. Паркот, како што напиша градоначалникот на својот фејсбук профил, ќе добие и нова урбана опрема кој ќе нуди убав амбиент за сите посетители, унформираат од Општина Кисела Вода. 

То истакнал дека Општината продолжува со посветено и континуирано инвестирање во унапредување на јавниот простор и квалитетот на животот на граѓаните.

-На овој простор, поставуваме ново детско катче со 12 реквизити на површина од 400 метри квадратни. Старото и руинирано кое не беше во функција го заменуваме со ново и модерно, за непречена игра на нашите најмали жители. Реконструкцијата го опфаќа и кошаркарското игралиште кое се наоѓа во склоп на самиот парк па така, жителите од овој дел на општината ќе имаат можност да спортуваат на нов модерен терен.Секако, паркот добива и нова урбана опрема, зеленило, кој ќе нуди совршен амбиент за сите посетители, рекол Ѓорѓиевски.

Тој рекол дека за скоро време граѓаните од овој дел од Кисела Вода ќе добијат катче каде ќе можат да се сретнат, да одморат, да се рекреираат или едноставно да уживаат на отворено. сст/дма/

Фото: Општина Кисела Вода

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан