• петок, 22 ноември 2024

Редок розов дијамант продаден за над 22 милиони евра

Редок розов дијамант продаден за над 22 милиони евра
Женева, 12 ноември 2020 (МИА) - Исклучително редок виолетово-розов дијамант беше продаден на аукција на куќата „Сотби“ во Швајцарија, за 22,55 милиони евра. Скапоцениот камен од 14,8 карати наречен „Дух на розата“, е пронајден во Русија во рудникот Алроса во 2017 година. Тоа е најголемиот дијамант од ваков вид што се појавил на наддавања досега, а 99 отсто од сите розови дијаманти имаат помалку од 10 карати. Името на купувачот не се соопштува. Благодарение на неговата големина, ретката боја и беспрекорно чиста структура, дијамантот достигна доста висока цена на аукцијата на „Сотби“ во Женева. си/сд/

Остани поврзан