• вторник, 27 август 2024

Регионалниот центар за застапување со нова веб платформа за заедничка соработка на младите од регионот

Регионалниот центар за застапување со нова веб платформа за заедничка соработка на младите од регионот

Делчево, 2 февруари 2024 (МИА) - Младинските активности и сите случувања поврзани со младите во пограничниот регион, отсега ќе бидат достапни на заедничка веб платформа изработена во рамки на проектот „ Beyond borders – uniting for change“.

Станува збор за проект што Регионалниот Центар за застапување од Делчево го спроведува од октомври 2023 година, со финансиска поддршка од Американската Амбасада во Скопје.

- Изработена е веб платформа преку која во текот на наредниот период ќе бидат достапни сите информации за настани, младински активности, работилници и секаков вид на акции за млади кои се случуваат во регионот, но и во прекуграничниот регион на соседна Бугарија, истакнаа од Регионалниот Центар за застапување од Делчево.

Целта на проектот, како што додадоа, е да се споделуваат знаења и искуства помеѓу младите од двете страни на границата.

- Оваа платформа ќе биде место кое ќе ги обединува сите информации поврзани со оваа соработка. Токму младите кои се целни групи на овој проект ќе бидат тие кои ќе работат на збогатување на страницата со сите потребни информации, додадоа од РЦЗ Делчево.

Организацијата е отворена за сите сугестии или информации кои би сакале да се најдат на оваа веб страница, а се што е потребно р младите да ги испратат информациите на емаил адресата rczdelcevo@gmail.com.кои потоа ќе бидат објавени на самата веб платформа. вс/

Фото: Регионалниот Центар за застапување од Делчево

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан