Реал Мадрид ќе го продолжи договорот со Карвахал на две години
- Реал Мадрид е близу до продолжување на договорот на својот дефанзивец Дани Карвахал, соопшти „Марка“.
![Реал Мадрид ќе го продолжи договорот со Карвахал на две години](https://new.mia.mk/images/20221105001626_big_730x400_58.webp )
Мадрид, 6 ноември 2020 (МИА) - Реал Мадрид е близу до продолжување на договорот на својот дефанзивец Дани Карвахал, соопшти „Марка“.
Според шпанскиот весник, новиот договор со 28-годишниот Шпанец ќе се пресметува до крајот на јуни 2024 година.
Во сезоната 2020/21, Карвахал одигра три натпревари за Реал Мадрид и забележа една асистенција.
Тековниот договор на одбранбениот фудбалер важи до крајот на јуни 2022 година. зс/