• петок, 28 јуни 2024

Реал Мадрид го купи Хоселу и го испрати во Катар

Реал Мадрид го купи Хоселу и го испрати во Катар

Барселона, 27 јуни 2024 (МИА) - Реал Мадрид ја активираше откупната клаузула на Хоселу, официјално објави неговиот поранешен клуб Еспањол.

Напаѓачот ја мина претходната кампања како позајмен на „Сантијаго Бернабеу“ и импресионираше со своите игри, постигнувајќи 17 голови во сите натпреварувања и беше клучен за пласман во финалето на Лигата на шампионите.

Веќе неколку недели е познато дека Хоселу, кој моментално е дел од репрезентацијата на Шпанија на ЕП 2024, речиси сигурно следната година ќе биде дел од катарски Ал-Гарафа. Токму во врска со тоа се и постапките на раководството на Реал Мадрид, бидејќи од „лос бланкос“ ќе инкасираат иста сума од азиските претставници.

Во пракса, тие му прават услуга на играчот, кој имаше сериозна загриженост дека Еспањол може да се обиде да го искомплицира потенцијалниот договор со Ал-Гарафа, поставувајќи им многу посериозни финансиски барања.

„Папагалите“ повторно ќе бидат дел од Ла Лига по една сезона во „егзил“ во второто ниво на шпанскиот фудбал. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан