Реакција на СДСМ на изјавата на премиерот Мицкоски за помилувањата
- Комичните изјави на Христијан Мицкоски во стилот „јас не сум од тука“ се показател дека власта е фатена жива како помолува нарко босови и не знае како да се извади за огромниот скандал.
Скопје, 26 октомври 2024
Комичните изјави на Христијан Мицкоски во стилот „јас не сум од тука“ се показател дека власта е фатена жива како помолува нарко босови и не знае како да се извади за огромниот скандал.
Одлуката за помилување криминалци и нарко босови од кланот Барон е донесена и потпишана лично од претседателката Сиљановска Давкова, на предлог на Комисија којашто самата си ја избрала.
По жестоките реакции на јавноста власта се загуби и не знае како да го покрие овој скандал па гледаме фарса и театрални потези.
Во стилот „не е знајала“ Силјановска прво се обиде да ја префрли вината на Комисија. Откако тоа не помина власта го уапси Акиф Равмановски обидувајќи се да го покрие скандалот со помилувањата и да ја намали штетата од катастрофалната одлука.
Фарсата кулминираше денеска со комични изјави на Мицкоски за кукавичко јајце.
Нема бегање, се е јасно, ВМРО-ДПМНЕ-ЗНАМ и ВЛЕН е во дил со криминални структури.
Наместо да се прави дека не е тука Мицкоски да одговори дали тој го нарача помилувањето? Кој ќе понесе одговорност за овој скандал?
Центар за комуникации на СДСМ
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.