• петок, 22 ноември 2024

Берово доби собирен центар за електрична и електронска отпадна опрема

Берово доби собирен центар за електрична и електронска отпадна опрема

Делчево, 26 октомври 2024 (МИА) - Во Берово поставен е нов собирен центар за електрична и електронска отпадна опрема. Активноста е реализирана во соработка со Јавното претпријатие за комунални работи „Услуга” од Берово со поддршка од „Елколект“ Доо Скопје.   

 - Собирниот центар е  поголем контејнерски објект, кој е поставен на влезот во Берово, од десна страна, веднаш до четвртата ламела од Домот за стари лица во Берово. Отсега натаму, граѓаните ќе имаат можност, наместо да го фрлаат електронскиот отпад – неисправните електрични и електронски  уреди и апарати, на несоодветни места, да го одлагаат соодветно и да придонесат кон здрава и чиста животна средина, информираа од Општината.  

Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски најавува продолжување на активностите за унапредување на системот за управување со отпад. вс/бак/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан