• петок, 05 декември 2025

Реакција на Општина Чаир по интервенцијата на Градскиот инспекторат на Град Скопје

Реакција на Општина Чаир по интервенцијата на Градскиот инспекторат на Град Скопје

Скопје, 19 мај 2025

Градоначалникот на Општина Чаир, г. Висар Ганиу, го изразува своето загрижување за постапката на Градскиот инспекторат на Скопје, кој денес ја извести полицијата за да ја запре работата на камионот ангажиран од Општината за собирање отпад околу контењерите за ѓубре, и се обиде да го конфискува.

Според градоначалникот Ганиу, ова претставува неприфатлива интервенција во надлежностите на локалната самоуправа, со јасна политичка позадина. Од таа причина, тој веднаш свика итна прес-конференција за да ги информира граѓаните со целосна транспарентност за состојбата.

Поради недостаток на активности од надлежните јавни претпријатија, Општина Чаир презеде конкретни мерки преку ангажирање приватна компанија за чистење на најзагадените зони, со цел да се обезбеди ред и чистота во јавните простори.

Градоначалникот Ганиу упатува апел до институциите за итна реакција и запирање на секоја пречка кон работата во интерес на граѓаните. Тој го повторува својот ангажман да продолжи со одговорност и решителност во служба на заедницата, без да молчи пред неправдите кои го нарушуваат заедничкиот интерес.

Општина Чаир

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото Општина Чаир

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан