• вторник, 07 април 2026

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Скопје, 6 април 2026 (МИА) - Од денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец март 2026 година, информира Министерството за социјална политика, демографија и млади.

-Kорисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство, прецизираат од Министерството.

Исто така, додаваат, и корисниците кои не користат картички од денеска ќе можат да ги подигнат своите средства во сите отворени филијали и експозитури на банките.вј/

Фото: Министерството за социјална политика, демографија и млади

 

Остани поврзан