• четврток, 04 јули 2024

Реакција на Општина Аеродром на изјавата на Стевчо Јакимовски

Реакција на Општина Аеродром на изјавата на Стевчо Јакимовски
Скопје, 14 октомври 2022

Советот на Општина Аеродром и градоначалникот Тимчо Муцунски имаат одлична соработка, а советничката група на ВМРО-ДПМНЕ има апсолутно мнозинство, така што голем дел од одлуките се носат консензуално, со вклучување на сите партии кои се дел од советот.

Оттаму, обвинувањата што Стевчо Јакимовски денеска ги изнесе на прес-конференција за наводно посредување за вработување од страна на градоначалникот Муцунски за советник на ГРОМ се груба лага и невистина. За да се изнесе вакво тенденциозно тврдење пред македонската јавност, Јакимовски треба да располага со конкретен доказ со што би се докажало евентуалното влијание на градоначалникот Муцунски.

 Доколку Јакимовски поседува доказ за такво нешто, го повикуваме јавно да го приложи, а доколку го нема, само докажува дека неговата политичка култура е на најниско ниво. Како политичар и народен избраник за неговата позиција, тој треба да се занимава со прашања за кои е избран, а не да се служи со политиканство, измами и лаги.

И покрај тоа што изнесува лаги и манипулации за градоначалникот на Општина Аеродром, Муцунски на Стевчо Јакимовски му посакува добро здравје и работа насочена кон граѓаните на Карпош. Впрочем, тој беше избран од граѓаните на Аеродром и во неговата кампања пред нив чесно вети дека ќе работи во служба на народот и ќе ја промени негативната перцепција за македонската политика, бидејќи граѓаните сакаат подобар живот, резулатите и проекти.

Општина Аеродром

___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан