• вторник, 24 декември 2024

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на ставовите на Бујар Османи 

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на ставовите на Бујар Османи 

Скопје, 24 декември 2024

Груби не правел ниту една работа без одобрение на Ахмети

Груби е олицетворение на криминалот и корупцијата на ДУИ и нивниот партнер, СДС.

Самиот Груби, многу пати во јавноста има кажувано дека ниту една работа не ја прави без одобрение на неговиот лидер, Ахмети.

Кога дојде момент за одговорност, Ахмети се откажа од својата десна рака Груби, но да потсетиме дека Артан Груби, не е било кој, туку поранешен прв вицепремиер во криминалната Влада на СДС и ДУИ.

Ахмети и Груби, ја користеа моќта да глумат шерифи и да си ја водат државата како да е во нивна сопственост.

Затоа и граѓаните ги казнија на изборите, а и по новите анкети се гледа дека уште долго ќе бидат во опозиција. Доаѓа време на правда и одговорност мора да има!

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото: МИА архива 

Остани поврзан