Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција на Методија Илијевски од СДСМ
- СООПШТЕНИЕ -

Скопје, 30 март 2025
Некрофилите од СДС секојдневно продолжуваат да ја користат несреќата од Кочани за политички цели
Системот кој изминативе 9 години во МВР го насади тогашниот министер и експремиер, Оливер Спасовски, а Сашо Тасевски 6 години во БЈБ, се искоренува од институциите.
Доколку порано за убиства, несреќи, пожари, сообраќајки, беа криви пајаците и каблите, сега одговорноста има име и презиме.
СДС не бараше оставка и морална одговорност од Спасовски кога полициски службеници се удираа сами во пајаци, кога каблите беа криви за пожари, кога беа давани пасоши на белосветски криминалци, кога секојдневно на улица главни беа Дуќанџиќ, Беланоца и Грчец.
СДС не бараше кривична одговорност од Тасевски кој пукаше во Собранието на протестите, додека други беа обвинети за тероризам над 200 години.
СДС треба да се засрами и барем еднаш да се извини за се што имаа сторено изминативе години.
ВМРО-ДПМНЕ работи на промена на системот и добивање на правда и правна држава!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
_____________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки
Фото МИА архива