• сабота, 21 декември 2024

Реакција на Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ), на прес-конференцијата на министерката Димитриеска Кочоска

Реакција на Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ),  на прес-конференцијата на министерката Димитриеска Кочоска

Скопје, 22 јули 2024 

Во однос на изјавата на министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска во врска со постапката за одземање на лиценца за приредување игри на среќа на две друштва заради неисполнување на условите од издадената лиценца за приредување игри на среќа, ние од Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) сакаме да информираме дека нашите членки секогаш се на страната на законот, а ние како Асоцијација секогаш се бориме за спроведување на сите законски норми во нашите објекти.

Како што наведоа од Министерството за финансии, се работи за друштва кои не ги подмирувале своите давачки кон буџетот од своето основање до денес, што е констатирано и во записник од страна на УЈП. Во овој контекст, потсетуваме дека сите наши членки секогаш навремено и целосно ги подмируваат своите обврски, со што имаат и сериозен удел во државната каса, меѓутоа без исклучок работиме за спроведување и на сите останати законски прописи во однос на влез на малолетници во објектите, одговорно обложување и сл.

Ние како Асоцијација сме целосно посветени на одговорно спортско обложување, а како индустрија сме контруктивен партнер на институциите кој силно се бори против секаков вид неправилности во секторот. Оттука, силно ја поздравуваме работата на Министерството за финансии и институциите да работат согласно законот, а со крајна цел заштита на играчите.

Членките на АСОМ се легитимни претставници на индустријата кои секогаш делуваат во насока на унапредување на сите аспекти од работење. По сите основи, од приредувачите на игри на среќа на годишно ниво во буџетот се слеваат 280 милиони евра по сите основи, а индустријата индиректно придонесува за приходите на околу 54.000 лица.

АСОМ

_________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан