• недела, 22 декември 2024

Расчистено разбојништво во Куманово, поднесена кривична пријава против шест лица

Расчистено разбојништво во Куманово, поднесена кривична пријава против шест лица

Скопје, 15 април 2024 (МИА) - СВР Куманово поднесе кривична пријава против три лица од Скопје - В.А.(25), М.С.(31) и Е.А.(32) и против тројца од Косово - А.Ц.(29), Б.Ш.(33) и Д.К.(26), сите осомничени за кривично дело „разбојништво“.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, пријавениот Е.А. на 21 февруари 2024 во СВР Скопје лажно пријавил кривично дело одземање моторно возило „ренџ ровер“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на неговиот брат М.А..

-После тоа, на 15 март 2024, на улицата „Доне Божинов“ во Куманово, пријавените со возилото „ренџ ровер“ удриле во возилото „фолксваген пасат“ на С.С.(63) од Куманово, по што со закана со огнено оружје му одзеле торба со вкупно 7.512.170 денари во разни странски валути, се наведува во соопштението на МВР. хс/дма/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан