• понеделник, 23 декември 2024

Раст од 7,3 проценти на задолжувањето на негативните салда на тековните сметки, од 5,2 проценти на автомобилските кредити 

Раст од 7,3 проценти на задолжувањето на негативните салда на тековните сметки, од 5,2 проценти на автомобилските кредити 

Скопје, 20 јуни 2024 (МИА) - Народната банка во мај годинава евидентира годишен раст од 8,2 проценти на вкупните депозити и од 6,8 проценти на вкупната кредитна поддршка.

-Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити се зголемени за 8,2 проценти, поради повисоките депозити на двата сектора, со поголем придонес на секторот домаќинства. На годишна основа, вкупните кредити бележат раст од 6,8 проценти, како резултат на зголеменото кредитирање на двата сектора, коешто е поизразено кај секторот домаќинства, информира денеска централната банка во најновото соопштение за монетарните движења.

Во мај 2024 година, анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, кај најзастапените категории − потрошувачките и станбените кредити, е забележан месечен раст од 0,7 проценти и 0,9 проценти, соодветно, при годишен раст од 6,1 процент и 10,8 проценти, соодветно.

Автомобилските кредити, овој месец, се зголемени за 5,2 проценти и 21,7 проценти на месечна и на годишна основа, соодветно, додека кредитите одобрени на кредитни картички бележат месечен и годишен пад од 0,1 процент и 7,9 проценти, соодветно.

Во мај, кај негативните салда на тековните сметки е забележано месечно зголемување од 7,3 процети, при годишен пад од 2,2 проценти. Кредитите одобрени по други основи, овој месец, се пониски за 1,4 проценти на месечно ниво, при годишно намалување од 20,7 проценти.

Кај кредитите на корпоративниот сектор во мај е забележан месечен и годишен раст од 0,8 проценти и 6,4 проценти, соодветно. Растот кај двете основи, појаснува центраната банка, во целост произлегува од повисоките кредити во денари, во услови на намалено кредитирање во странска валута.

Во мај, вкупните депозити на корпоративниот сектор се зголемени за 2,4 проценти во споредба со претходниот месец. Кај домаќинствата, пак,  се непроменети на месечно ниво, додека во споредба со истиот период претходната година се
зголемени за 10,2 проценти.лв/са/

Остани поврзан