• вторник, 18 јуни 2024

Рангник: Мегваер имаше неубедливи игра, но тој останува наш капитен

Рангник: Мегваер имаше неубедливи игра, но тој останува наш капитен
Манчестер, 15 февруари 2022 (МИА) - Тренерот на Манчестер јунајтед, Ралф Рангник, ја отфрли можноста на Хари Мегваер да му ја одземе капитенската лента и покрај критиките кон дефанзивецот. - Според мене, Хари, враќајќи се на терените по повредата, изгледаше многу добро. Тој одигра многу добар натпревар против Вест Хем. Точно дека во последните два меча имаше неколку неубедливи епизоди - против Саутемптон и Барнли. Сепак, Хари останува наш капитен и не гледам причина нешто да менувам, изјави Рангник. Манчестер јунајтед вечер од 21 часот с есреќава со Брајтон во заостанат дуел од 18. коло на англиската Премиер лига. По 24 натпревари, тимот од „Олд Трафорд“ има 40 бодови и се наоѓа на 5. место. зс/

Остани поврзан