• вторник, 05 ноември 2024

Рамадани: Скопје Север доби забрана да работи на мазут, ќе го обжалиме решението

Рамадани: Скопје Север доби забрана да работи на мазут, ќе го обжалиме решението
Скопје, 24 ноември 2022 (МИА) - На топланата „Скопје Север“ денеска и изречена забрана да користи мазут од  страна на инспектори од Секторот за животна средина во Град Скопје, потврди Куштрим Рамадани, директор на Топлана Скопје Север. Рамадани во изјава за МИА рече дека не знае дали решението што го добиле  е согласно закон и најави дека ќе го обжалат. Министерот за економија Крешник Бектеши  претходно изјави дека во законот е предвидена можност да се користи алтернативно гориво за производство на топлинска енергија, односно мазут или дизел, но, како што порача, кога ќе се користи да се запазат процедурите во државава. -За нас е приоритет да не се доведеме во таква ситуација да треба да користиме алтернативно гориво за Исток и за Запад, со кои ние менаџираме како држава преку ЕСМ. Во делот на Скопје Север има Инспекторат за животна средина ако во случај работи со мазут или со дизел освен природен гас да ги проверат нивните лиценци и процедурите како ги ставиле овие енергенси во функција, рече Бекшети, на новинарско прашање. Како што соопшти Бектеши, на Скопје Север им се понудени две опции, да се склучи договор за деловно техничка сораотка или за закуп, по примерот со топланите Скопје Исток и за Скопје Запад, но нема повратен одговор од раководството. лв/ац/

Остани поврзан