Министерството за економија и труд со целосна подготвеност за соработка со надлежните органи во процесот расветлување на трагедијата која се случи во Кочани
- Министерството за економија и труд изразува целосна подготвеност за соработка со надлежните органи во процесот на истражување и расветлување на трагедијата која се случи во Кочани, објави вечерва Владата на Република Северна Македонија.

Скопје, 16 март 2025 (МИА) - Министерството за економија и труд изразува целосна подготвеност за соработка со надлежните органи во процесот на истражување и расветлување на трагедијата која се случи во Кочани, објави вечерва Владата на Република Северна Македонија.
- Министерството ќе обезбеди целосна поддршка во сите законски постапки, осигурувајќи дека секоја прекршување на законот и злоупотреба на позицијата за лични профити ќе се третираат со соодветна сериозност, стои на веб страницата на Владата.
Граѓаните, се вели во објавата, имаат право да бидат информирани на вистински начин и да побараат отчетност.
- Министерството за економија и труд е посветено на гарантирање дека законот ќе се почитува и правдата ќе биде воспоставена, стои во соопштението од Владата. цр/аа/
Фото: принтскрин од фејсбук на Влада на РСМ