Ѓоковиќ изрази сочувство за трагедијата во Кочани
- Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ преку социјалните мрежи изрази сочувство по повод големата трагедија што се случи во Кочани.

Скопје, 16 март 2025 (МИА) - Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ преку социјалните мрежи изрази сочувство по повод големата трагедија што се случи во Кочани.
На неговиот Инстаграм профил, Ѓоковиќ објави фотографија со македонското знаме со црна панделка.
Во несреќата во Кочани, според последните официјални податоци загинаа 59 лица, а 155 се повредени. бак/
Фото: МИА архива, Принтскрин