• петок, 22 ноември 2024

Радиолошките технолози дефицитиран медицински кадар во целиот регион

Радиолошките технолози дефицитиран медицински кадар во целиот регион

Скопје, 5 октомври 2024


Радиолошките технолози се дефицитарен кадар во сите здравствени системи во регионот. Задржувањето на овие кадри во здравствениот систем е она за кое што сите се стремиме, порача проф. д-р Игор Николов, советник за здравство на премиерот Христијан Мицкоски на 11-иот Конгрес на Здружението на радиолошки технолози на Македонија (ЗРТМ).

„Имав чест да го отворам 11-тиот Конгрес на радиолошки технолози на Македонија со меѓународно учество. Радиолошките технолози се дефицитарен кадар во сите здравствени системи во регионот. Заради тоа инвестициите во преносот на знаење размени на искуства треба да бидат приоритет на сите. Задржувањето на овие кадри во здравствениот систем е она за кое што сите се стремиме. Час поскоро се потребни постдипломски студии за оваа група на здравствени работници“, рече Николов.

За Зоран Бајовски, претседател на Здружението на радиолошки технолози на Македонија,на Конгресот учествуваат околу 220 медицински лица од медицински центри заради радиодиагностика, радиотерапија и нуклеарна медицина од Македонија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија, Република Српска и Романија.  

„Овие два дена ќе ги презентираме технолошките достигнувања во регионот. Ќе има предавања од областа на планирањето и спроведувањето на зрачен термин, MRI CT дијагностика, ангиографија и CT-Pet дијагностика“, рече Бајовски.

Дамир Циприќ, претседател на Друштвото на радиолошки технолози од Хрватска, објасни дека Хрватска го применува европскиот модел на образование и дека Хрватското здружение стои на располагање за прилагодување на македонскиот образовен систем.

„Ова го поткрепува и фактот што првата официјална посета на премиерот Мицкоски е на хрватскиот колега, каде е потпишан Меморандум за соработка во областа на образованието. Политичарите го направија своето, останува да го имплементираме“, рече Циприќ.

На Конгресот ќе се организира и донаторска вечер, поддржана од Винарија Тиквеш. Собраните средства ќе бидат донирани на Универзитетска клиника за детски болести, оддел Онкологија, Скопје.

Здружението на радиолошки технолози на Македонија (ЗРТМ) е член на европското здружение EFRS и европското здружение во радиотерапија ESTRO school.

 

Здружение на радиолошки технолози на Македонија

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан