• вторник, 05 ноември 2024

Работилница за одгледување лековити билки за лица над 65 години и лица со попреченост во Велес

Работилница за одгледување лековити билки за лица над 65 години и лица со попреченост во Велес

Велес, 19 март 2024 (МИА) - Центарот за социјална инклузија „Together“, Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености - Велес и Здружението на пензионери, денеска одржаа една од планираните 10 работилници за одгледување лековити билки. Како дел од проект се организираат и по 10 ликовни, грнчарски, литературни, работилници за мотивација и животни вештини, како и за спорт и рекреација. Работилниците се наменети за лица постари од 65 години и за лица со попреченост, информираше за МИА, Далиборка Златева од Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености - Велес.

Златева појасни дека целта на проектот е зголемена социјална инклузија на лицата со пореченост и оние над 65 години.

- Во активностите ни се приклучија ученици од волонтерскиот клуб на ООУ „Свети Кирил и Методиј“ од Велес, специјално формиран да помага на нашата организација. Од минатата недела, со соработка ни се вклучија и средношколци од ССОУ „Димитрија Чуповски“ од втора и трета година од смерот за медицински сестри, рече Златева.

Проектот го спроведува Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености - Велес, а е поддржан од Регионалната програма за локална демократија на Западен Балкан 2 (ReLOaD2), од Европската Унија и од Општина Велес. ад/бд/

Фото: Општина Велес

Остани поврзан