• понеделник, 01 јули 2024

Путин одобри одложување на мобилизацијата за студентите, докторантите и лекарите на специјализација

Путин одобри одложување на мобилизацијата за студентите, докторантите и лекарите на специјализација
Москва, 6 октомври 2022 (МИА) - Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска потпиша указ со кој на студентите, докторантите и лекарите на специјализација им се дозволува да ја одложат мобилизацијата. Одложување на мобилизацијата важи за редовните и вонредните студенти на државните акредитирани универзитети, факултети и научни организации, како и во иновативни научни и технолошки центри и во духовни и образовни организации. Путин истакна дека со новата регулатива опфатени се и студентите на акредитираните приватни универзитети. ми/

Остани поврзан