• понеделник, 01 јули 2024

Пулев: Обезбедени пари за иновации и за „зелена транзиција“

Пулев: Обезбедени пари за иновации и за „зелена транзиција“
Софија, 26 септември 2022 - Пари за иновации има во малите и средните претпријатија, изјави бугарскиот министер за иновации и раст Александар Пулев, кој чествуваше на форумот „МСП, претпријатија од социјалната економија, занаетчиството, слободните професии: можности и предизвици на зелената транзиција“, организиран од Здружението на индустриски капитал во Бугарија. Ова е веста на денот од Република Бугарија, избрана на Бугарската телеграфска агенција (БТА) за објавување од МИА, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат директно избрана од другата агенција вест на денот на соодветната земја, а другата агенција да ја објави на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.    Има континуитет во Министерството за иновации и раст и работиме напорно за поддршка на малите и средните претпријатија со многу добро јадро на експерти. Парите за иновации и за „зелена транзиција“ во малите и средните претпријатија одат преку три канали, рече Пулев. Првиот е Националниот план за закрепнување и отпорност. Планот работи и е отворен. Според него, компаниите ќе добијат 520 милиони лева за проекти за „зелена ознака“. Од тие средства 200 милиони лева ќе стигнат до бизнисот веќе оваа година - со фокус на проекти за постројки за ОИЕ на мали и средни компании. Станува збор за фотоволтаични постројки со батерии за складирање на енергија. Останатите 320 милиони лева ќе бидат за гарантни финансиски инструменти и проекти за циркуларна економија, прецизира министерот. Вториот канал е програмата „Конкурентност и иновации“ со ресурс од една милијарда лева. Програмата е со вкупен буџет од 3 милијарди лева, а тука главната насока е во зелената транзиција за решавање на предизвиците како енергетска ефикасност, воведување ОИЕ и циркуларна економија, рече и министерот. Третиот канал е програмата „Научно истражување, иновации и дигитализација за интелигентна трансформација“ со буџет од 2 милијарди лева. Со неа ќе бараме соработка на компаниите со научноистражувачката јавност, посочи министерот. Малите и средните бизниси се одговорни за над 90 отсто од производството и над 50 отсто од вработените луѓе во светот. Бројките ќе бидат поголеми ако ги вклучиме неформалните мали и средни претпријатија, рече Цијун Цо, управен директор, Директорат за техничка соработка и одржлив индустриски развој во Организацијата за индустриски развој на Обединетите нации (УНИДО), заблагодарувајќи ѝ се на земјата домаќин за Форумот на високо ниво и на неговите организатори. Во иднина ќе има потреба од уште повеќе вработувања, а секторот за мали и средни претпријатија ќе станува сè поважен и во земјите во развој. Малите бизниси се поподложни на разни шокови и потешко се финансираат. Ги поттикнуваме и инвестициите за зголемување на ефикасноста на компаниите за да имаат подобра додадена вредност. Ние се стремиме да ги поддржиме малите и средните бизниси на меѓународните пазари. На пример, во изградбата на инфраструктурата, истакна Цо. Нашата цел е преку иновации да им понудиме поддршка на „чистите“ претпријатија, оваа практика се нуди во повеќе од 50 земји во светот, рече Цо. БТА ____________________________________________________________________________ Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА  

Остани поврзан