• вторник, 02 јули 2024

Пукање во центарот на Куманово, едно лице повредено

Пукање во центарот на Куманово, едно лице повредено

Куманово, 5 декември 2023 (МИА) - Во центарот на Куманово попладнево се случило пукање, потврди СВР Куманово, од каде најавија детали по завршување на увидот.

Од Кумановската општа болница потврдија дека кај нив со возило на Итна помош во 17: 38 часот е донесено машко лице со две прострелни рани на двете нозе.

Поради сериозноста на повредите, лицето е испратено за Скопје.

- По пружањето на првична здравствена помош, лицето со тим од вработени е препратено до васкуларна хирургија Скопје, изјави директорката на болницата, Биљана Ивановска. ам/мд/

Фото: МИА

Остани поврзан