ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството да оформи предмет против градоначалникот на Крива Паланка кој свесно ширеше паника за наводно загадената вода
- СООПШТЕНИЕ: Митовски беше демантиран од страна на Државниот инспекторат за животна средина. Од таму истакнаа дека нема цијанид над дозволеното и дека водата е безбедна. Митовски свесно говорел невистини и ширел паника меѓу своите сограѓани, а за тоа кривично се одговара.

Скопје, 6 април 2025
Градоначалникот на Крива Паланка свесно ја лажеше македонската јавност дека во водите на Крива река имало присуство на цијанид за 100 пати над дозволеното.
Сашко Митовски не штедеше зборови и секојдневно изминатата недела ширеше паника меѓу жителите, за да дојде до ситни политички поени во пресрет на локалните избори.
Митовски беше демантиран од страна на Државниот инспекторат за животна средина. Од таму истакнаа дека нема цијанид над дозволеното и дека водата е безбедна.
Со оглед на тоа дека Митовски е јавна личност, а одредена група на граѓани која му ја дала добербата, сега беа изневерени.
Митовски свесно говорел невистини и ширел паника меѓу своите сограѓани, а за тоа кривично се одговара.
Го повикуваме ЈО да поднесе кривична пријава кон Сашко Митовски за ширење паника, со цел собирање политички поени.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.