• сабота, 06 декември 2025

Известители на Мониторинг комисијата на ПА на Совет на Европа на средби во Собранието

Известители на Мониторинг комисијата на ПА на Совет на Европа на средби во Собранието

Скопје, 23 април 2025 (МИА) - Известители задолжени за Постмониторинг дијалогот на Република Северна Македонија со Советот на Европа денеска ќе го посетат Собранието каде ќе се сретнат со претседателот на законодавниот дом кој воедно е и претседател на Уставната комисија Африм Гаши и со членовите на неколку собраниски комисии и тела, како и со координаторите на пратеничките групи. 

Претставниците на Мониторинг комисијата на ПА на Совет на Европа ќе се сретнат со членовите на Комисијата за уставни прашања, на Законодавно-правната комисија, чиј претседател е Александар Велјановски, на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓаните, чиј претседател е Димитар Апасиев. 

Известителите ќе се сретнат со Никола Мицевски, координатор на ПГ на ВМРО-ДПМНЕ и на Коалицијата „Твоја Македонија“, со Оливер Спасовски, координатор на ПГ на СДСМ и на Коалицијата за европска иднина, со Блерим Беџети, координатор на ПГ на ДУИ и Коалицијата „Европски фронт“, со Халил Снопче, координатор на ПГ на ВЛЕН, со Бобан Карапејовски, координатор на ПГ на Движењето ЗНАМ и со Борислав Крмов, координатор на ПГ на Левица. ев/лв/

ФОТО: Архива 

 

Остани поврзан