• петок, 22 ноември 2024

ПСЖ подготвен да му плати на Кеси девет милиони евра годишно

ПСЖ подготвен да му плати на Кеси девет милиони евра годишно
Париз, 6 септември 2021 (МИА) - Фудбалерот од средниот ред Франк Кеси се најде во сферата на интерес на ПСЖ. Парискиот клуб е подготвен да му понуди на 24-годишниот фудбалер плата од девет милиони евра годишно, објави „Фут Меркато“. Претходно, Кеси одби да го продолжи договорот со Милан, кој истекува следното лето. Росонерите беа подготвени да му платат 6,5 милиони евра годишно, додека Кеси бараше осум милиони евра и уште два милиона бонуси. Кеси во својата кариера има играно и за Аталанта и Чезена. зс/

Остани поврзан