• сабота, 29 јуни 2024

ПСЖ му нуди на Мбапе повеќе од 100 милиони евра по сезона

ПСЖ му нуди на Мбапе повеќе од 100 милиони евра по сезона

Париз, 16 јануари 2024 (МИА) – Пари Сен-Жермен му понудил на напаѓачот Килијан Мбапе нов договор вреден повеќе од 100 милиони евра по сезона, објави новинарот на „RMC Sport“, Даниел Риоло.

Според Риоло, ниту еден клуб не може да парира на понудата на парижаните. Понудата на Реал во однос на ПСЖ изгледа тривијално и покрај очигледно големите суми.

Претходно новинарот Абдела Булма објави дека 25-годишниот фудбалер нема да го продолжи договорот со ПСЖ и ќе го напушти клубот на лето.

Оваа сезона Мбапе одигра 24 натпревари, постигна 25 гола и беше творец на три асистенции. Неговиот договор со парижаните истекува на крајот од сезоната. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан