• понеделник, 04 ноември 2024

ПСЖ без Донарума на стартот на ЛШ против Жирона

ПСЖ без Донарума на стартот на ЛШ против Жирона

 

Париз, 16 септември 2024 (МИА) – Голманот на ПСЖ, Џанлуиџи Донарума ќе го пропушти првиот натпревар на францускиот клуб оваа сезона во Лигата на шампиони (ЛШ) против Жирона поради повреда на мускулот.

Како што соопшти клубот од Париз, голманот Донарума го повредил мускулот на десната нога на првенствениот натпревар против Брест (3:1), во саботата вечер.

ПСЖ објави дека италијанскиот голман ќе биде надвор од терените една недела.

Во негово отсуство шанса би можел да добие 25-годишниот руски голман Матвеј Сафонов.

Новата сезона во ЛШ францускиот првак ќе ја почне в среда од 21 часот со дуелот на домашен терен против шпанска Жирона. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан