• четврток, 11 јули 2024

Прскање против комарци во Вевчани

Прскање против комарци во Вевчани

Вевчани, 11 јули 2024 (МИА) - На територијата на општина Вевчани во понеделник ќе се врши адултицидна дезинсекција за уништување на возрасните комарци.

Третманот против возрасна форма на комарци, според информацијата на Општина Вевчани, ќе се изврши од земја со употреба на УЛВ машина прикачена на пик ап возило. Ќе се користи препаратот Кулфак 50 ЕЦ.

Градоначалникот Спасе Кочовски информира дека ќе се прска околу Вевчанските извори, по течението на Вевчанска река, околу пречистителната станица и вештачкото езеро Јанков камен, како и на улиците „Стружанка – Здравствен дом – Сред село“, „Стружанка – Сред село – Вевчански извори“, „Бералиште – Даскалој – Чочорој“, „Пазариште – Варвара – Фарма“ и „Трансформатор – Бубаној – Јанков Камен“.

Третирањето, како што појасни, ќе биде изведено после 20 часот до раните утрински часови, само под добри временски услови поради ефикасно извршување на третманот.

Доколку, временските услови не дозволат да се спроведе третманот на дезинсекција, тогаш ќе биде одложена за наредниот ден или за некој друг ден со поволни временски услови. сс/дма/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан