• петок, 12 јули 2024

Протоколарна средба на претседателот на Собранието Џафери со неговиот бугарски колега Минчев

Протоколарна средба на претседателот на Собранието Џафери со неговиот бугарски колега Минчев
Скопје, 28 март 2022 (МИА) - Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска оствари средба со неговиот бугарски колега, претседателот на Народното собрание на Република Бугарија, Никола Минчев, што е прва средба по неговото официјално стапување на оваа функција. Како што соопштија од собраниската прес-служба, претседателот Џафери му го честитал неговиот избор за претседател на Народното собрание на Република Бугарија и му посакал успех во текот на неговиот мандат. - Од негова страна беше потенцирана иницијативата за отворена соработка на теми од взаемен интерес, како придонес кон унапредувањето на севкупната билатерална соработка за двете држави. Поздравувајќи го одржувањето на оваа средба, претседателот Минчев беше согласен дека парламентите треба да ја продолжат соработката на сите нивоа, вклучително и на претседатели на парламенти и во тој контекст го најави скорешното формирање на Група за пријателство во Народното собрание на Република Бугарија, се наведува во соопштението. Средбата завршила со покана за взаемна официјална посета на двајцата претседатели на собранија. цр/мч/

Остани поврзан