• петок, 26 јули 2024

Протест во Нови Сад поради „Рио Тинто“, поддршка за граѓаните на Лозница

Протест во Нови Сад поради „Рио Тинто“, поддршка за граѓаните на Лозница

Нови Сад, 25 јуни 2024 (МИА) - Стотина граѓани на Нови Сад утрово се собраа на протест во тој град, во знак на солидарност со граѓаните на Лозница, протестирајќи против изградбата на рудник за литиум од компанијата „Рио Тинто“, јави Бета.

Според активисти се разгледуваат опции за болкирање патишта Нови Сад.

Граѓаните на Лозница утрово се собраа пред зградата на општинското собрание каде од 10 часот се одржува седницата на локалниот парламент стравувајќи дека на таа седница ќе се донесе просторен план со кој ќе се овозможи изградба на рудник за литиум. Подоцна според Н1 голем број од нив се разотишле откако им било кажано дека на денешната седница нема да се расправа за тоа. Дел од демонтрантите е уште е пред општината.

Поголеми протести по истиот повод се закажани во Коцељева, Неготин, Шабац, Ваљево, Аранѓеловац и Рача.

Во најголем дел од митинзите се повикуваат граѓаните да се спротивстават на проектот „Рио Тинто“ со пораките - „Србија не смее да се претвори во депонија за сулфурна јаловина“, „Стоп за Рио Тинто“, „Нема да ја дадеме Шумадија“, јави Бета.зш/

Остани поврзан