• петок, 21 февруари 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Пронајдена една од црните кутии од авионот што се урна кај Вашингтон

Пронајдена една од црните кутии од авионот што се урна кај Вашингтон

Вашингтон, 30 јануари 2025 (МИА) – Нуркачки тим пронашол една од двете црни кутии од патничкиот авион кој се урна во реката Потомак по судирот со воен хеликоптер во близина на Вашингтон, јави Си-Би-Ес.

Нуркачите имале пристап до кабината на авионот, а црната кутија е меѓу предметите што ги пронашле.

Потрагата по телата и можните преживеани продолжува.

Најмалку 19 лица загинаа кога патнички авион со 64 луѓе се судри со воен хеликоптер Блек Хок со тројца војници и се урна во реката Потомак додека се обидувал да слета на националниот аеродром Роналд Реган во близина на Вашингтон.

Официјален претставник за Си-Би-Ес изјави дека досега не се пронајдени преживеани. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан