Промоција на учебникот „Граѓанска и политичка партиципација“
- -Учебникот за граѓанска и политичка партиципација претставува новина во нашиот образовен процес. Се однесува на тема којашто е есенцијална за развој и одржливост на демократијата и преку која се споделуваат знаења и методи за поголемо граѓанско учество во процесите на одлучување на локално и централно ниво. Студентот е веќе свесен за улогата на технологијата во секојдневното живеење, политиката и сопствената можност да биде медиум и „активист од тросед“, се вели во соопштението на организаторите на промоцијата.

Скопје, 26 февруари 2025 (МИА) - Во просториите на КСП Центар „Јадро“ во Скопје, попладнево ќе биде промовиран учебникот „Граѓанска и политичка партиципација“ од авторките Јасмина Трајкоска Наумоска, Јосипа Ризанкоска и авторот Гордан Георѓиев.
На промоцијата се најавени обраќања на претставник од фондацијата Фридрих Еберт – Скопје, на промоторот на делото проф. д-р Ненад Марковиќ, на рецензентките - проф. д-р Ана Чупеска и проф. д-р Анета Цекиќ, како и на авторите на учебникот.
-Учебникот за граѓанска и политичка партиципација претставува новина во нашиот образовен процес. Се однесува на тема којашто е есенцијална за развој и одржливост на демократијата и преку која се споделуваат знаења и методи за поголемо граѓанско учество во процесите на одлучување на локално и централно ниво. Студентот е веќе свесен за улогата на технологијата во секојдневното живеење, политиката и сопствената можност да биде медиум и „активист од тросед“, се вели во соопштението на организаторите на промоцијата.
Оттаму додаваат дека со овој учебник студентот ќе осознае конкретни методи за негова вклученост во политичкиот процес и моќта што ја поседува како индивидуа за да ја менува политиката од која неминовно е дел. Сепак, практикувањето на методите за граѓанска и политичка партиципација не е можно без познавање на нивните механизми, како и поседувањето на критичка мисла од страна на граѓанинот. Овој учебник има амбиција да ја постигне таквата симбиоза, стои во соопштението. нд/
Фото: Плакат