• понеделник, 23 декември 2024

Промоција на книгата „Орото да не ни застане“ на „Скопско лето“

Промоција на книгата „Орото да не ни застане“ на „Скопско лето“

Скопје, 11 јули 2024 (МИА) - Во рамки на 45. „Скопско лето“, вечер од 20.30 часот во Сули ан ќе биде промовирана книгата „Орото да не ни застане“ од Предраг Шушиќ.

Како што соопшти Дирекцијата за култура и уметност - Скопје, организатор на „Скопско лето“, промоцијата е организирана во соработка со Министерството за култура и медиуми на Црна Гора и со НВО „Кирјана“ (NVU Crnogorsko makedonsko prijateljstvo Kirjana).

Книгата ќе ја промовира Мирјана Мичевска, а настанот ќе биде збогатен со настап на женска пејачка група при фолклорниот ансамбл „Никола Ѓурковиќ“, во  придружба на пијанистката Магдица Манасиева и сопранот Билјана Баевска.

Влезот за посетителите е слободен. хс/вг/

Фото: Дирекција за култура и уметност - Скопје

Остани поврзан