• понеделник, 06 април 2026

Промоција на книгата  „Македонка – од раѓање до пропаѓање (1951–2001)” од  Андон Мајхошев

Промоција на книгата  „Македонка – од раѓање до пропаѓање (1951–2001)” од  Андон Мајхошев

Скопје, 6 април 2026 (МИА) -  Универзитетската библиотека „Гоце Делчев“ во Штип денеска ќе ја промовира книгата  „Македонка – од раѓање до пропаѓање (1951–2001)” од  проф. д-р Андон Мајхошев. 

Промотори на книгата ќе бидат деканот и продеканот на Правниот факултет на УГД-Штип - проф. д-р Билјана Тодорова и проф. д-р Страшко Стојановски, а 
 извадоци од книгата ќе читаат студенти од Факултетот. 

-По завршувањето на промоцијата ќе биде отворена и изложба на фотографии од ТК „Македонка“, која го прикажува историскиот развој на работниот колектив. Автор на изложбата е проф. д-р Андон Мајхошев, соопшти Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип. хс/ац/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан