СДСМ: Секое ново покачување на цената на дизелот повлекува нов бран поскапувања
- Наместо да ги прфати мерките на СДСМ Владата на Мицкоски задоцни и носи половични решенија кои не даваат резултат. Холистичкиот пристап на македонскиот Далај Лама нема ефект, eден ден после објавата на новата мерка на Мицкоски за горивата, дизелот повторно поскапе на дури 98 денари, се вели во соопштението на СДСМ што МИА го пренесува интегрално.
Скопје, 6 април 2026
Наместо да ги прфати мерките на СДСМ Владата на Мицкоски задоцни и носи половични решенија кои не даваат резултат. Холистичкиот пристап на македонскиот Далај Лама нема ефект, eден ден после објавата на новата мерка на Мицкоски за горивата, дизелот повторно поскапе на дури 98 денари, се вели во соопштението на СДСМ што МИА го пренесува интегрално.
Ова е трето поскапување на цената на дизелот во Македонија или во изминатите 3 недели поскапе за 38%, од 71 денар на сегашните 98 денари за литар.
Секое ново покачување на цената на дизелот повлекува нов бран поскапувања, што значи дека граѓаните повторно ќе ја плаќаат цената на неспособниoт Мицкоски.
СДСМ со недели предупредува дека растот на цените на горивата ќе предизвика домино ефект врз економијата и животниот стандард. Тоа и се случи.
Сè е веќе поскапено, сите основни прехранбени продукти се поскапени, од млечни производи, јајца, зејтин, месо, овошје, зеленчук, токму пред Велигден. Сега ниту 600 евра не е доволна за граѓаните да го шреживеат месецот кои се празни џебови и празни фрижидери.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Фото: МИА архива