• недела, 21 јули 2024

Промоција на „Дигитална Ера“ од Санде Смиљанов

Промоција на „Дигитална Ера“ од Санде Смиљанов

Скопје, 4 март 2024 (МИА) - Промоција на книгата, насловена „Дигитална Ера“ од авторот доц. д-р Санде Смиљанов, ќе се одржи денеска во киносалата на Кинотеката.

На промоцијата, која ќе се одржи во рамките на церемонијата за доделување дипломи на студентите на додипломски и последипломски студии на Интернационалниот Универзитет „Еуропа Прима“, Скопје, за делото на Смиљанов ќе говорат рецензентите, проф. Јордан Плевнеш и проф. Љупчо Сотироски.

Книгата е поделена во четири глави при што во првата глава се говори за дигиталната трансформација и сајбер безедноста, во втората „Дигитална дипломатија: функционалност на глобалното опкружување во дигиталната ера“. Третата глава е посветена на „Основите на протоколот“ и во последната четврта глава тема е „Дигиталната етикеција“. вг/ац/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан