• понеделник, 23 декември 2024

Промоцијата на новиот болид на Астон Мартин на 12 февруари

Промоцијата на новиот болид на Астон Мартин на 12 февруари

Лондон, 4 јануари 2024 (МИА) – Екипата Астон Мартин на 12 февруари ќе го претстави новиот болид AMR24 со кој ќе се натпреварува во новата сезона во Формула 1.

Астон Мартин го освои петтото место во конкуренција на конструктори минатата сезона во која шпанскиот возач Фернандо Алонсо осум пати се искачуваше на победничкиот пиедестал.

Клупски колега на Алонсо и во новата сезона ќе му биде Ленс Строл.

Претходно, Формула 1 тимовите Вилијамс и Заубер промоцијата на своите нови болиди ја најавија за 5 февруари, а Ферари на 13 февруари.

Новата сезона во Формула 1 ќе стартува на 2 март со Големата награда на Бахреин. ег/паг/

Фото: Фејсбук 


 
 

Остани поврзан