• недела, 28 април 2024

Промовирана книгата „Нов договор за економски развој“

Промовирана книгата „Нов договор за економски развој“

Скопје, 29 март 2024 (МИА) - „Нов договор за економски развој“ е новата книга зад која стојат авторите претседателот на Стопанскaта комора на Севeрна Македонија, Бранко Азески и универзитетскиот професор Дарко Лазаров, а денеска беше промирана во Стопанската комора на Северна Македонија.

- Книгата повикува на постигнување широк општествен консензус на сите чинителе во државата, тргнувајќи од академската заедница, бизнис-секторот, универзитетите, медиумите и граѓанскиот сектор, и внатрешно обединување околу врвните развојни приоритети на државата во наредните 10 години. Декларацијата за економски реформи, политики и мерки што Комората ја усвои со силна поддршка од голем број на субјектите основата за градење на еден нов договор за економски развој што треба да испорача поголем економски напредок на земјата во наредните 10 години, изјави  Азески.

Во првиот дел од книгата се систематизирани сите предлози, барања и иницијативи што Комората ги има доставено и афирмирано во јавноста и до соодветните институции во изминатиот период и анализа колку од тие барања, иницијативи и предлози биле прифатени. Дополнително, во книгата е направена симулација што ќе се случеше со македонската економија ако сите тие биле имплементирани и целосно реализирани.

- Комората заедно со своите компании-членки, како и со своите внатрешни и надворешни соработници во изминатиот период покажа дека има кадровски и институционален капацитет да биде предводник на визионерски идеи и тоа го докажа со стратешките документи кои ги промовираше неодамна, посочи Азески.

- Вториот дел од книгата ја наметнува потребата од креирање на нов модел на економски развој, кој ќе има капацитет да испорача значително повисоки стапки на економски раст. Новиот модел на економски развој што го предлага Комората и ко-авторите на книгата е базиран на пет фундаментални постулати, посочи Лазаров.

Лазаров на денешната промоција детално ги елаборираше клучните елементи на кои почива новиот модел на економски развој што го нуди Стопанската комора и коавторите на книгата.

-Првиот столб кој се однесува на заокружување на базичните принципи на пазарната економија и јакнење на институционалните капацитети на државата содржи неколку предлози и иницијативи: Jакнење на правосудниот систем со цел владеење на правото и неселективно почитување на законите, потоа обезбедување на стабилен и предвидлив деловен амбиент што подразбира задолжителна консултација на бизнисот при носењето на законите, воведување и целосно почитување на даночен календар, како и намалување на парафискалните давачки. Трето  Јакнење на независноста на регулаторните тела со цел поголема доверба во институциите и целосно почитување на пазарните принципи, вели Лазаров.

Според него, клучна е и борбата со сивата економија и со корупцијата на сите нивоа со цел фер конкуренција и еднакви можности за сите. Но, и професионализација на јавната администрација и дигитализација на јавниот сектор со цел обезбедување на побрзи и поквалитетни јавни услуги за бизнисот, поедноставување на институционалните процедури и намалување на административните бариери.

Во книгата се наведува дека вториот столб се однесува на инвестиции во иновации и човечки капитал. Третиот столб се однесува на развиена и функционална инфраструктура и ги вклучува: 1) Воведување на законска одредба за минимален праг на учество на капиталните расходи во централниот буџет. Четвртиот столб се однесува на модерна индустрија и конкурентен извозен сектор и ги содржи следните предлог политики и решенија. Петтиот столб се однесува на ЕУ-интеграциите и регионалната соработка, во кој се наведуваат и предлозите на авторите на книгата.

Авторите на книгата Азески и Лазаров заклучија дека овој модел на економски развој треба да биде широко  прифатен од сите чинители и сите заедно да работат на негово исполнување, со цел да испорачаме поголем економски напредок на земјата во наредниот период. вдј/мд/

Фото: МИА

 
 

 

Остани поврзан