• среда, 18 септември 2024

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Скопје, 18 септември 2024 (МИА) – Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со ретки грмежи и пообилни во јужните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, од пладневните часови со повремен пороен дожд и појава на грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 19 степени.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), и во наредните денови ќе се задржи променливо облачно време со врнежи од дожд, проследени повремено со грмежи. Од денеска до петок врнежите наместа ќе бидат пообилни и повремено поројни. Денеска температурите преку денот ќе бидат за 3 до 5 степени пониски, а потоа температурата ќе биде во постепен пораст.вј/мд/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан