• сабота, 21 декември 2024

Променливо облачно, попладне нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи

Променливо облачно, попладне нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи

Скопје, 30 август 2024 (МИА) - Времето денеска во земјава ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, особено попладне кога нестабилно ќе биде на повеќе места, локално и во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град, соопшти УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени. УВ индексот ќе изнесува 6.

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, особено попладне кога во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 31 степена.

До утре времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи. Процесите ќе бидат поинтензивни и на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи, повремено како локално невреме со пообилен пороен дожд. Од недела ќе има повеќе сончеви периоди и ретка појава на пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја. Најсвежо преку денот ќе биде денеска и утре, а потоа температурите постепено ќе се покачуваат. вг/лв/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан