• понеделник, 06 април 2026

Променливо време со силен ветер и дожд од средината на неделата

Променливо време со силен ветер и дожд од средината на неделата

Скопје, 5 април 2026 (МИА) - До средината на следната седмица ќе се задржи стабилно и релативно топло време, проследено со умерен северозападен ветер.

Според прогнозите на УХМР, ветерот ќе биде поизразен во среда, кога на моменти ќе засилува до силен, а долж Повардарието ќе достигнува брзина и над 70 километри на час.

Во среда ќе биде променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во западните делови. Во четврток ќе преовладува променливо облачно, а во следните два дена облачно со локални врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во сабота.

Од петок, ветерот ќе го смени правецот и ќе дува од југоисток, што дополнително ќе влијае на временските услови во наредните денови. дма/сст/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан