• недела, 22 декември 2024

Продолжува соработката меѓу општините Ресен и Преспа од Грција

Продолжува соработката меѓу општините Ресен и Преспа од Грција

Ресен, 14 феваруари 2024 (МИА) - Македонско-грчката соработка што ја остваруваат општините Ресен и Преспа ќе биде ефектуирана со нови заеднички проекти, информираа од Општина Ресен.

Според градоначалникот Јован Тозиевски, програмата Интеррег ИПА ЦБЦ нуди големи можности за погранична соработка и затоа ќе подготват заеднички проекти со грчката општина Преспа.

-На средба со градоначалникот Ѓорги Стергиу и претставници на двете администрации, разговаравме и со договоривме за заеднички проекти, кои низ партнерски однос ќе ги претставиме пред ЕУ фондовите. За нас посебно интересна е програмата Интеррег ИПА ЦБЦ и ќе аплицираме на отворениот јавен повик, истакна Тозиевски.

Општина Ресен од македонска и Општина Преспа од грчка страна негуваат партнерска соработка подолг временски период, потврдија од тамошната локална самоуправа. мт/дма/

Фото: Општина Ресен

 

Остани поврзан